Груевски: Не е точно дека сум прифатил техничка влада, ако прифатев СДСМ ќе се вратеше во Собрание

Шпекулациите кои излегоа дека е прифатено барањето на СДСМ за техничка влада се неточни, потенцира денеска на прес конференција премиерот Никола Груевски.

– Се шпекулираше дека сме прифатиле техничка влада, ако прифатев зошто не се вратија во Собрание, посочи премиерот.

Груевски во своето обраќање потенцира дека доколку судската постапка покрената против Зоран Заев за незаконското прислушкување била со цел да се спречи објавувањето на снимените материјали, тогаш би било логично тој да ги прифател неговите барања за техничка Влада, но, како што рече, тој не ги прифатил.

Исто така, Груевски одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата уште еднаш категорично одговори дека нема да биде прифатен условот на опозицијата за техничка влада.