
Информиран сум од МВР дека од нивната комуникација со обвинителството се цени дека за сето ова постојат цврсти докази, како матерјални, така и сведочењ, рече премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција.
Премиерот детално образложи на кој начин се одвивало прислушувањето. Тој рече дека освен што е пронајден материјал кај лицето З.В. , исто така информации имало и во компјутерот на сопругата на З.В. која го користела на нејзиното работно место во една финансиска организација во сопственост на приватна компанија од една соседна држава.
-За тоа дали лицето З. В. и неговото семејство имале или не одредени незаконски дејствија, укажуваат и нивните панични реакции во обид со секира да го скршат комјутерот, низ прозор да ги фрлат мобилните телефони во кои испраќањето на пораки било со шифри со комбинација на броеви, и за нивната инволвираност прибавените докази МВР ги достави до јавното обвинителство и ќе бидат презентирани пред судот во понатамошната постапка. Дали некој од Вас доколку е невин, и по некој случај му дојде полиција за претрес, ќе го крши компјутерот со секира, ќе го фрла мобилниот телефонот низ прозор, и дали некој нормален човек со сопругата и децата се допишува наместо со букви, со бројки, шифри кои секој од нив знае како да ги дешифрира и да ги претвори во текст?, рече Груевски.
Премиерот потенцираше дека за среќа се ова е дешифрирано и обезбедено како доказ за на суд.