
Германскиот канцелар Ангела Меркел ги поздрави грчките предлози за реформи како почетна точка во преговорите меѓу Атина и нејзините партнери од еврозоната за продолжување на заемите, пренесе МИА, повикувајќи се на ДПА.
Меркел забележа дека успехот на разговорите меѓу Грција и министрите за финансии на монетарната унија е сигнал дека и двете
страни се подготвени на компромис.
Таа, меѓутоа, предупреди дека преговорите меѓу Атина и Европа за иднината на помошта за најзадолжената земја во еврозоната ќе бидат тешки.
Уште синоќа пратеници на партијата на Меркел соопштија дека таа сака грчката програма за помош да биде продолжена, но предупредува дека работата воопшто не е завршена.
Еврогрупата вчера го одобри проектот за реформи, претставен од Aтина, отворајќи го патот за продолжување до лето на програмата за финансирање на земјата.