
Она што новиот градоначалник на Охрид го наследи од неговиот претходник е запрепастувачки. Tакво големо задолжување на Општина со такви приходи е навистина тешко да се преброди, рече премиерот Груевски на денешната седница одговарајќи на прашањето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски дали постои можност во некое законско решение оваа затекната состојба во иднина да се спречи.
– Очигледно дека се работи за ситуација за неодговорен градоначалник на оној кој што го направил овој долг, на претходникот градоначалник. Во законот постојат одредени ограничувања кога станува збор за задолжувања на општините. Од она што се сеќавам законите предвидуваат да задолжувањето не може да надмине 30 % од висината на приходите од претходната година, но во овој случај се работи за неконтролирано и неодговорно превземање на обрски кон приватни компании за извршени услуги.
Груевски истакна дека се потребни дополнителни законски интервенции во овој дел за да не се случи во некој друг случај за некој друг неодговорен градоначалник.
Пратеникот Сашо Василевски упати прашање и до министерката Канчевска-Милевска во врска со идејата за возобновување на светиклиментовиот универзитет дека Плаошник ќе биде најголемиот духовен центар во Македонија и пошироко.
– Во моментов се работи на повеќе објекти, резиденционалниот објект на македонската православна црква, манастирскиот конак, музејот на Плаошник, центарот за хуманситички науки, Климетовата библиотека, а со започнување на градбата на богословскиот факултет се заокружува еден духовен мозаик, да Плаошник, Охрид со богатата историја, постоењето на 356 цркви со право го заслужува називот Охрид – Балкански ерусалим.
Одговор на ова прашање даде министерката на култура Канчевска Милевска која потеницраше дека се работи за голем капитален проект на Владата на Република Македонија.
– Сакам да информирам дека активностите се одвиваат според утврден план од страна на Минситерството за култура, управата за заштита на културното наследство. Во изминатиот период интензивно се работеше на карабината на сите овие објекти истакна Канческа Милевска која додаде дека самиот проект според динамиката треба да биде готов во 2018 година.
Последното прашање Василевски го упати до министерот за здравство Никола Тодоров и се однесуваше на напредните обуки за македонските лекари во врвните светски клиники.
– Во наредниот тригодишен период се планира да се опфатат уште дополнители 3 до 5 области во медицината. Министерството за здравство ќе објави оглас во медиумите на кои може да се пријават заинтерсираните доктори кои во избор на обуката ќе треба да потпишат договор за лојалност. Идејата е да во наредните три – четири години да бидат опфатени специјалистите во медицината во Македонија.
Министерот за здравство Тодоров во врска со ова прашање потенцираше дека станува збор за еден нов проект кој го спроведува Министерството за здравство, во кои што секоја година ќе се испраќаат одреден број на лекари кои ќе бидат едуцирани во конкретни области.
Тој потенцира дека оглас е распишан и дека истиот ќе трае до сабота. Министерот Тодоров воедно апелираше сите лекари кои што се заинтересирани за вакви фокусирани и напредни обуки да се пријават на овој оглас на Министерството за здравство и додаде дека потоа ќе бидат направени интервјуа и селекција на кандидатите кои ќе бидат испратени на обука.