Продолжувањето на договорот со Грција прифатливо за Бундестагот

Најголем број од пратениците Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел ќе го поддржат продолжувањето на договорот со Грција.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, ваквиот заклучок произлегува од пробното гласање организрано пред утрешното изјаснување на Долниот дом на германскиот Парламент, кое покажа дека повикот за продолжување на договорот што ги упатија Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле, ќе го прифатат мнозинството пратеници во Бундестагот.

И покрај незадоволството кај дел од пратениците на ЦДУ на Меркел и на нејзината сестринска баварска Христијанско социјална унија (ЦСУ) , само 22 пратеници ќе гласаат „против“ новиот аранжман со Грција, додека 311 ќе бидат „за“. Социјалдемократите, кои се дел од владината коалиција, на тест гласањето едногласно го поддржаа договорот со Грција.