Заради технички зафати во електро-системот, утре без електрична енергија ќе останат корисници од општините Центар, Гази Баба и од Чучер-Сандево.
- од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од ул. Бел Камен бр. 3 и бр. 5. (општина Центар)
- од 08:30 – 11:00 часот, корисниците од дел од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов (делот околу Клубот на пратеници). (општина Центар)
- од 09:00 – 13:00 часот, корисниците од ул. Коле Неделковски и Киро Крстевски. (општина Центар)
- од 09:30 – 14:30 часот, корисниците од дел од с. Сандево. (општина Чучер – Сандево)
- од 10:30 – 11:30 часот, корисниците од дел од ул. Пролет. (општина Центар)
- од 11:30 – 15:00 часот, корисниците од делови од ул. Среќко Пужалка и ул. Товарник. (општина Гази Баба )