
Синоќа во НБА лигата беа одиграни осум натпревари, а најинтересно беше во Хјустон, каде домашниот тим славеше против Кливленд дури по продолжението.
Во натпревар во кој имаше доста искри и “блиски средби” помеѓу кошаркарите, Леброн Џејмс постигна 37 поени, но погоди само три од 11 шута од слободни фрлања, а ги промаши и двете во последните десет секунди кои можеа да донесат победа за Кливленд.
На спротивната страна најмногу се истакна Џејмс Харден, кој уфрли 33 коша и беше најзаслужен за победата на домаќините.
НБА Резултати:
Хјустон – Кливленд 105:103 (пп)
Чикаго – ЛА Клиперс 86:96
Бостон – Голден стејт 101:106
Индијана – Филаделфија 94:74
Орландо – Шарлот 83:98
Сакраменто – Портланд 99:110
ЛА Лејкерс – Оклахома 101:108
Денвер – Њу Орлеанс 92:99