Ограбена црквата „Св. Петка“ во струшко

Тешка кражба се случила во периодот меѓу крајот на февруари и почетокот на март оваа година во црквата „Св. Петка“ во село Долна Белица, струшко.

Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот низ отворената влезна врата влегол внатре и со подесен предмет ја откорнал вратничката од металната каса во која се оставаат пари, при што одзел околу 1.000 денари.