
Ирачката армија поддржана од сојузничките шиитски и сунитски борци почна операција за заземање на градот Тикрит, кој е под контрола на џихадистите, јави ирачката државна телевизија, објави МИА.
Владините сили го напаѓаат родниот град на Садам Хусеин со поддршка од артилеријата и воени авиони.
Неколку часа пред операцијата ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ги повика сунитските племенски борци да ги напуштат редовите на Исламска држава и им вети помилување.
Тикрит е 130 километри северно од Багдад, а под контрола на ИД е од минатото лето.