
Бројот на деца згрижени во детските градинки во минатата година се зголемил за 3,4 отсто во однос на 2013 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, заклучно со 30 септември 2014 година во детските градинки биле згрижени 30.107 деца.
Со годишните извештаи се опфатени 57 јавни и 16 приватни установи за згрижување и воспитание на деца – детски градинки. Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе групи