Тешка сообраќајка кај Неготино, еден загинат

Едно лице загина во сообраќајна несреќа која утринава се случила кај ТЕЦ Неготино.

Според првичните информации, автомобил „Цитроен“ со штипски регистерски таблички, од неутврдени причини излетало од патот утринава околу 7:15 часот.

На лице место починато е едно лице, а повеќе детали ќе бидат познати по завршување на увидот кој е во тек.