
Ова бизарно видео вчера беше постирано на Јутјуб, а на него се гледа гол маж како спектакуларно паѓа во обид да се спушти со чаршаф од прозорец во Бакингамската палата во Лондон – но дали видеово е лажно?
Инцидентот наводно бил снимен од случајните минувачи што поминувале покрај кралската резиденција, пренесува британски Мирор.
Засега не е познато ни дали човекот е повреден, ниту дали клипот е измама, а портпаролот на Бакингамската палата одбил да го коментира видеото.