
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира отворени денови во Богданци, Валандово и Радовиш. Граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Пред претставници на Агенцијата ќе може да се дадат предлози, да се побара стручна помош и да се добијат информации за прашања во доменот на работата на оваа институција.
Агенцијата за храна и ветеринарство од вчера организира отворени денови за граѓаните и компаниите, на кои го претставува и Водичот за новините во означувањето на храната во ЕУ што го подготви АХВ за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.