
Српскиот претседатели Томислав Николиќ изјави дека Србија не сака расипување на односите со Хрватска и нема да стори ништо да ги загрози.
Николиќ воедно додаде и дека не добил повик од хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ да ја посети Хрватска.
– Сега е ред Хрватска да ја покани Србија, изјави Николиќ за РТС, додавајќи дека поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ беше во посета на Србија, како и дека бил дочекан како добар сосед и пријател.
Николиќ изјави дека добрите односи се важни и за Србија и за Хрватска, нагласувајќи дека Хрватска се уште се наоѓа во предизборна и постизборна еуфорија, поради што не се осмелува да каже дека соработката со Србија е така важна.
Српскиот претседател истакна дека Белград нема да ги расипе односите со Хрватска и дека нема да стори ништо за нивно нарушување.
Николиќ своето неприсуство на инаугурацијата на хрватската претседателка го објасни со тврдењето дека имал силна причина за тоа, нагласувајќи дека 15. февруари е Ден на државноста на Србија. Тој, исто така, потести дека Србија на инаугурацијата на Колинда Грабар-Китаровиќ ја претставувал премиерот Александар Вучиќ.