
Во одговор на новинарско прашање за тоа како ги коментира вчерашните изјави на еврокомесарот Хан, премиерот Груевски појасни дека еврокомесарот и во рамки на посетата на Македонија и во телефонски разговор напоменал дека се размислува да се испратат еден или неколку европратеници или нешто слично кои што би биле олеснувачи во политичкиот дијалог и еден познат правник со кредибилитет којшто би го набљудувал процесот во судот.
– Јас му кажав дека што се однесува до мене како премиер, што се однесува до Владата, ние нема да имаме против, напротив не еден, единаесет нека пратат, затоа што фактите и аргументите се добро познати и кој и да дојде, што и да види ќе се увери во тоа што е вистината и во тоа што и го презентиравме на македонската јавност, рече Груевски.