
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска на социјалните мрежи започна кампањата насловена „Моја Македонија“.
Сликите кои можеа да се забележат по социјалните мрежи масовно се споделуваат од страна на младите, кои што со гордост ги споделуваат убавините на нашата земја.
Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ ни изјавија дека оваа кампања ја започнуваат се со цел промовирање на убавините на Македонија и културното наследство.
Исто така најавија дека, оваа активност ќе продолжи и наредниве неколку недели со што поголем број на слики од целата територија на Македонија кои се од непроценливо богатсво за нашата земја.
Целта е да допрат до што повеќе корисници на социјалните мрежи.