Со нов канал ќе се решава проблемот со прелевање на езерото Мантово

Со магистрален канал од браната Мантово до вливот на реката Лакавица во Брегалница, Владата на Република Македонија трајно ќе го реши проблемот на над 2.000 жители од 20 села од лакавичкиот регион, од поплавувања и предизвикувања штети по посевите, домаќинствата и фармите на тамошното месно население. Ова, денеска на месното население им го најави штипскиот градоначалник Илчо Захариев, објави „Канал 5“.

Во неодамнешните поплави излеаните води на Лакавица, уништија стотици хектари плодна површина, фарми и исто толку куќи, а отсечени беа четири села.