
Силувач од индискиот град Димапур, бил сурово казнет за монструозното дело! Неколку стотици жители на овој град, влегле во локалниот затвор и буквално го извеле силувачот на улица. Следел линч, а потоа и каменување. Силувачот бил тепан сè до смрт.
Интересно е тоа што убиството било проследено со скандирање на сограѓаните и снимано со мобилен телефон. Неговото живо, а потоа и безживотно тело, масата го влечела по улиците, а потоа го заврзала за ограда.
Масата пробила две затворски огради и дошла до силувачот. По линчот запалени биле објектите во кои убиениот работел, изјавил еден од надзорниците во затворот.
Мажот на кого му било “пресудено” има 35 години ѝ е продавач на автомобили. Уапсен бил на 24. февруари.
Убиениот маж бил обвинет дека неколку пати силувал студентка во текот на минатиот месец. Незадоволството кај народот кулминирало поради зголемувањето на сексуалните злосторства во Индија.