
Една пациентка итно била префрлена на Инфективната клиника во Ниш поради сомнение дека боледува од свински грип.
Директорот на болницата Небојша Димитријевиќ изјавил дека пациентката била префрлена минатата ноќ, а дека клиничката слика укажува дека постои можност таа да заболела од вирусот на грип од типт H1N1, но дека дијагнозата сеуште не е потврдена.
Инаку пациентката е медицинска сестра во Здравствениот дом во Лебан. Таа вчера имала висока температура.
Инаку, синоќа 36-годишен пациент од Парачин кој се лекувал до грип, синоќа почина во Крагујевац, а пред два дена почина бремена жена од околината на Белград.