Намалување на провизиите при плаќање со картички

Министерството за финансии подготвува дополнување на Законот за платниот промет. Со овие дополнувања, ќе се намалат провизиите за безготовинско плаќање со платежна картичка-информираат од Министерството.

„Со цел отворање простор за намалување на провизиите за безготовинско плаќање со платежна картичка, вклучително и при електронска трговија се предлага пресметката и утврдувањето на обврските и побарувањата во денари на учесниците во платниот систем (носител на платниот промет и агентот за порамнување) да се вршат преку платни системи кои се основани во Република Македонија, во согласност со Законот за платниот промет“, образложуваат од Министерството за финансии.