
Изминатава ноќ НБА програмата беше заокружена на два меча, на кои победи забележаа домашните тимови.
Во еден исклучиво неизвесен натпревар Чикаго ја совлада Оклахома со 108:105, а херој за “биковите” беше Е’Тван Мур кој постигна тројка на 2,1 секунди пред крајот на мечот и донесе победа за својот тим.
Најефикасен кај домаќините беше Никола Миротиќ со 26 поени и 8 скока, додека По Гасол и Мајк Данливи постигнаа по 21 поен. Мур забележа 19 поени, што е негов личен рекорд во кариерата.
Кај гостите Вестбрук брилјираше со 43 поени, 8 скока и 7 асистенции, додека одличен беше и Серж Ибака со 25 поени и 9 скока.
На другиот натпревар кој се одигра во Портланд, домашниот тим славеше убедлива победа против Далас, победувајќи со 94:75.