Неисчистен снежен пат и неприлагодена брзина причина за сообраќајката кај Куманово

Неисчистениот пат Куманово- Крива Паланка наврнат со снег, како и неприлагодената брзина се причината за сообраќајната несреќа која утрово околу 6 часот се случи во атарот на селото Псача во општина Романовце.

Од СВР Куманово за НетПрес велат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило Рено Трафик со унгарски регистарски таблички, управувано Б.Д. (29) и Пежо Боксер управувано од 35 годишниот Г.С. од Крива Паланка.

До несреќата дошло кога возачот на Реното кој сообраќал кон Крива Паланка изгубил контрола врз возилото и преминал на левата коловозна лента. Во моментот на несреќата патот не бил исчистен од снег, а исто така, и веело снег.

По несреќата, Г.С. побарал лекарска помош во Здравствениот дом во Крива Паланка каде е констатирано дека заработил телесна повреда и е пуштен на домашно лекување.

Патниот правец Куманово-Крива Паланка беше затворен за сообраќај, а по извршениот увид од страна на екипите на МВР, околу 7:15 часот е повторно достапен за сообраќај.