
Во последните три години популацијата пораснала за 565.000 поради напливот на мигранти, пишува Деили Меил.
Околу две третини од мигрантите се претпоставува дека влегле во земјата во периодот помеѓи 2011 и 2014 година. Според поранешниот претседател на Европскиот совет Хозе Мнуел Баросо веќе е „невозможно“ да се намали трендот на нови мигранти во Британија.
-Кога имате 28 држави ќе биде невозможно да кажеме дека Фрнацузите смејат да дојдат и да работат во Британија, но не и Полјаците – тоа не е возможно и може да биде протолкувано како нарушување на приципите за недискриминација, вели Баросо.
Тој нагласил дека ЕУ е свесна за злоупотребата на општесетвените придобивки.
– Ако немате друга причина поради што би можеле да одите во некоја земја, неможете само да одите таму и да ги користите придобивките од општествената сигурност. Но, ако сте државјанин на европска земја имате право да одите во друга земја и да живеете таму, вели тој.
Најголемиот дел од мигрантите се преселиле во Лондон и во југоисточниот дел на Британија, но значаен е бројот и на оние мигранти кои што се преселиле во Јоркшир и Хумбер.
Годинава се смета дека во Лондон има за 200.000 повеќе жители во однос на 2011.