Имала клиничка смрт 36 пати за една година

Британката Сара Бротигем боледува од синдром на постурална ортостатска тахикардија, што е многу ретко срцево нарушување кое се манифестира преку чести „средби“ со смртта, па само за една година доживеала 36 пати клиничка смрт.

Нејзиното срце почнува забрзано да чука, а потоа нагло прекинува со намалување на крвниот притисок, што доведува до клиничка смрт во траење од една минута.

Медиумите објавија и снимка на која се гледа како Сара умира, а потоа се враќа во живот.

Девојката изјавила дека пред да почине „има чувство дека ќе заспие“.

– Слушам се што се случува околу мене и имам желба да викнам, но никаков звук не излегува од мојата уста. Велат дека кога умираме, слухот е последен што го губиме. Тоа е точно, објаснува Сара.