
Маж кој се качил на покривот на Парламентот и таму останал неколку часа е уапсен денеска од страна на британската полиција.
– Во овој момент се уште е рано да се посочат причините за инцидентот, соопшти полицијата.
Синоќа полицијата била информирана дека на покривот од Вестминстерската палата се движи човек, каде веднаш биле испратени пожарникарни и медицински возила. Мажот бил уапсен денеска во раните утрински часови.