Костовска: Починатите бебиња не примиле Дитепер вакцина

Двете деца, од Студеничани и од Шуто Оризари, за кои во медиумите излезе информација дека починале како реакција на примена Дитепер вакцина, немаат воопшто примено таква вакцина, посочи  д-р Јованка Костовска од секторот за превентивна здравствена заштита во Минстерството за здравство, нагласувајќи дека децата воопшто не биле на возраст дозволена за примање на овој вид вакцина.

Едното дете имало два мецеси, а другото било еден месец. Дитепер вакцината е комбинирана вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис, односно кашлање, и бебињата ја примаат со наполнети  три месеци.

„Дитепер вакцината  е безбедна и проверена и освен оние очекувани несакани реакции како  зголемена телесна темпаратура  и  оток на на местоот на апликација, нема никаква адруга реакција“, истакна д-р Костовска.

Сепак, за случајов е  формирана комисија која проверува на лице место во двете служби за имунизација каде што припаѓале децата, дали овие деца ја примиле вакцината, или воопшто некоја друга вакцина. Резултатите од обдукцијата треба да покажат од што починале децата.

Во однос на негативната кампања за имунизација на децата, што последниов период  ја шират разни здруженија и родители, д-р Костовска вели дека сите вакцини во земјава се набавуваат на тендер, со точно определени услови. Односно, производителите мора да бидат регистрирани на листата на СЗО, да поседуваат сетификати за безбедност на вакцината од лабораторија  признаена во ЕУ. Оваа вакцина која е од бугарско потекло во Македонија се користи од 2012 година. Таа во земјава е регистрирана минатата година , но, сепак, согласноз Законот  за лекови, секоја држава има право да увезе и вакција која што не е регистрирана во нејзината земја, но е  регистрирана во некоја друга европска држава.