
Либиски исламисти поврзани со Исламска држава, обезглавија осум обезбедувачи на либиското нафтено наоѓалиште Ал Гани, пренесува МИА.
На 6. март, кога првпат беше соопштено за нападот, претставник на нафтеното наоѓалиште изјави дека осум чувари се убиени, но не прецизира како загинале. Портпаролот на либиската армија денеска изјави дека исламистите ги обезглавиле чуверите.
Напаѓачите киднапираа и деветмина странци од Ал Гани. Филипинските власти денеска соопштија дека меѓу киднапираните четворица се Филипинци.
Меѓу киднапираните еден е Австриец и еден Чех, еден државјанин на Гана, и двајца од Бангладеш.