Стомачниот вирус во подем – најризична група се децата

Од почетокот на годинава, околу 13.000 лица се пожалиле кај матичните лекари на тегоби кои посочуваат дека се работи за  стомачен вирус.  И од Миистерството за здравство потврдуваат дека споредбено со минатата година, стомачниот вирус е во подем последниве неколку месеци. Според податоците од системот „Мој термин“, од почетокот на годинава за дијагнозата дијареа и гастроентеритис се креирани вкупно 3.775 упати и 3.456 рецепти, додека за истата дијагноза во текот на изминатата година се креирани вкупно 15.689 упати и 25.978 рецепти.

Д-р Јованка Костовска од секторот за превентивна здравствена заштита, вели дека вирусот најчесто се пренесува преку контакт со заболено лица, или преку загадени предмети со овој вирус, а најчесто се јавува во раните пролетни и летни месеци.

„Најчести симтоми на овој вирус се зголемена телесна температура, пролив, повраќање, дехидрација. Тие со потешка клиничка слика треба да се јават кај својот  матичен лекар и да побараат терапија, бидејќи иако се работи за вирус, доколку здравствената состојба се искомплицира, потребни се и антибиотици.  Најчесто пацинтите поминуваат  со лесна клиничка слика и без симптоми. Миење на рацете е основна мерка која што штити не само од стомачни вируси, туку  и од многу други заразни заболувања. Исто, така треба да се избегнува и контакт со заболени лица“, вели д-р Костовска.

Стомачнот вирус се јавува најчесто кај деца до 14 години и кај деца со намален имунитет.

За заштита и превенција од ова заболување се препорачува избегнување контакт со заболен, одржување лична хигиена, редовно миење раце, темелно миење на овошјето и зеленчукот пред конзумирање, чистење и дезинфекција на површини, а особено на детските играчки.