
Во чест на посетата на Државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Рeпублика Франција, Жан – Марк Тодешини, а на покана на француската амбасадорка во Република Македонија, Лоренс Оер, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со министерот за Одбрана Зоран Јолевски, присуствуваше на свечена вечера, што синоќа се организираше во Охрид.
Почесниот гостин од Франција, Жан – Марк Тодешини заедно со неговиот домаќин Министерот Јолевски утре наутро пред заминување од Охрид ќе ја посетат црквата Св. Богородица – Перивлепта и Галеријата на икони.
Дводневниот престој на Тодешини во Република Македонија е дел од неговата посета на земјите од регионот, Грција, Србија и Романија.
Целта на посетата е отпочнување на комеморациите за Источниот фронт како дел од одбележувањето на сто годишнината од Првата Светска Војна, каде речиси 70. 000 француски војници ги загубиле своите животи.