АЕК и ССК потпишаа меморандум за соработка

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ја официјализираа соработката со потпишување меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа Данела Арсовска, претседател на ССК и Роберт Орданоски, директор на АЕК.

Со меморандумот се утврди рамката на реализација на соработката за работи од заеднички интерес, базирани на искористувањето на внатрешните потенцијали на овие две инстутуции во насока на постигнување на целите од заеднички интерес во сферата на електронските комуникации и следење одредени клучни показатели од областа, соопшти денеска Сојузот на стопански комори.

Меѓусебната соработка, според соопштението, ќе се реализира во различни домени од делокругот и надлежностите на нивната работа, а со цел поефикасна примена на прописите од областа на електронските комуникации, со спроведување на начелата на стручна независност, неутралност, објективност, сигурност и рационалност, како и навремено информирање и консултирање на бизнис заедницата за сите законски измени, поврзани со електронски комуникации.