
Фондот за здравствено осигурување доби благодарница од Црвениот Крст на Македонија, општинската организација на Црвениот Крст – Центар по повод обележување 70 години постоење на оваа хуманитарна организација.
Во името на Црвениот Крст благодарницата ја врачи претседателот на општинската организација на Црвениот Крст – Центар, проф. д-р Сунчица Димитријоска.
ФЗОМ како институција која ги штити интересите на осигурениците во остварување на правата од здравственото осигурување, од годинава е носител на проектот на Владата на Република Македонија „Унапредување на крводарителството во јавните институции“, и започна своја реализација во 2015 година.
Примарната цел на проектот е унапредување на крводарителството во јавните институции преку давање сопствен пример, но и обезбедување на потребните крвни единици во земјата. Фокусот е на вработените во државните и јавни институции, како и на младата популација, бидејќи истата е основа за прибирање на крвни единици во иднина и создавање на навика кај здравите луѓе за дарување крв.
Свеста за крводарителството како хуман чин треба да се зголемува преку сопствениот пример, имено, преку крводарителски акции во јавниот сектор сакаме да влијаеме на свеста на јавноста за крводарителството.