
Француската фотографка Ерика Симон одлучи да направи експеримент и да види како би изгледал светот кога не би носеле облека на нас, што според неа, го одржува нашиот општествен статус.
Ерика веќе 12 години живее во Њујорк па одлучи токму таму да го спроведе нејзиниот експеримент.
Таа одлучи на повеќе јавни места да се фотографира целосно гола, а според нејзините тврдења немала никакви непријатности додека низ градот се шетала целосно гола.
-Забележав дека денес луѓето многу повеќе се грижат за тоа што има да се купи во продавниците за облека отколку за бездомниците што постојано поминуваат. Се прашував што би се случило кога не би носела облека и кога карактерите би ги изразувале само со своите тела, вели таа.
Симон тврди дека не се обидува никого да шокира, туку дека создава уметност. На тој начин, со фотографиите се обидува да покаже колку луѓето се опседнати со модата и со купувањето на нова облека.