
Фудбалерот на Барселона Андрес Иниеста, изјави дека неговиот соиграч Лионел Меси е еден од ретките играчи кои можат сами да добијат натпревар.
Барселона го дочекува Манчестер Сити во осминфиналето од Лигата на шампионите и брани 2:1 од првата средба.
Двете екипи се сретнаа минатата година во оваа фаза, а Каталонците беа подобри во двобојот во кој Меси постигна два од четирите гола за својот тим.
„Меси е единствен фудбалер, еден од ретките кој може да добие натпревар и секогаш е предност да се има играч како него“, вели Шпанецот.
„Имаме добар резултат од првиот меч, но тие се добар тим и може да го свртат во своја корист“, додава фудбалскиот репрезентативец на Шпанија.
„Мораме да бидеме целосно фокусирани и не смееме да размислуваме како да сме победиле во двомечот“, нагласи искусниот Шпанец.
„Целта ни е да одиграме добар натпревар и да с епласираме во четвртфиналето“, рече шпанскиот фудбалер.