
Во голема акција на италијанската полиција денеска помеѓу 22 приведени лица се наоѓа и претседателот на калчолигашот Парма, Џампјетро Маненти.
Акцијате е насочена кон лицата обвинети за финансиски малверзации и затајување данок.
Под истрага се наоѓаат уште 60-ина лица објавија италијанските медиуми.
Повеќе детали за денешната акција се очекуваат во текот на денот кога на јавноста треба да и се обрати јавниот обвинител.
Парма и пред приведувањето на нејзиниот претседател беше во незавидна положба и не се знаеше дали ќе успее да го заврши првенството во Серија А, а по денешните случувања во прашење е доведено нејзиното понатамошно учество.