Никовски: Душманите и тие што очекуваат да се распаднеме – ликуваат

Душманите и тие што очекуваат да се распаднеме – ликуваат. Од сето тоа произлегуваат сериозни последици за секој наш граѓанин. Што да кажеме, освен – браво СДСМ! Само така продолжете! Сечете ја гранката на која сите седиме!, вели политичкиот аналитичар Ристо Никовски во интервјуто за Телеграф.

Телеграф: Повеќе од еден месец опозицијата објавува снимени разговори во кои, како што тврди, се докажува криминал и изборни нерегуларности. Сепак, како вие ги толкувате овие снимки, како тие влијаат врз македонското општество?

– Гарантирањето на приватноста е едно од најосновните човекови права. Во конкретниов случај, тоа е грубо повредено. Во прашање е тежок криминал за кој мора да се одговара. Ние сме сите сеирџии ама со тоа ги кршиме законите. Чудно е што надлежните органи ништо поконкретно не преземаат. Ако прошверцуваш 10 пара чорапи, ти ги конфискуваат и одиш на суд, а сега е пробиен безбедносниот систем на земјата и никому ништо. Нелегални документи слободно и јавно се дистрибуираат! Никој нормален не ги вади своите нечисти алишта на улица и не мафта со нив. Штетата што ѝ е направена на државата е длабока, долгорочна и непресметлива. Земјата стана тема на странските медиуми и на разни форуми, во најнегативна конотација. Ако тоа беше целта на СДСМ, ја постигнаа! Меѓународниот рејтинг ни е намален сигурно за добри проценти. Тоа ќе се одрази и на решавањето на проблемот со името, и  на странските инвестиции, а не само на приближувањето кон Унијата. Душманите и тие што очекуваат да се распаднеме – ликуваат. Од сето тоа произлегуваат сериозни последици за секој наш граѓанин. Што да кажеме, освен – браво СДСМ! Само така продолжете! Сечете ја гранката на која сите седиме!

Целото интервју прочитајте го на Телеграф…