
26-годишен мигрант од Сирија вчеравечер бил ограбен и претепан, по што завршил во Медицинскиот центар во Неготино, извести МВР.
Случајот бил пријавен вчера во 19.45 часот, при што на полицијата и било кажано дека двајцата непознати напаѓачи му украле 1.600 евра, а тој потоа со Брза помош бил префрлен во МЦ Неготино, каде е задржан на лекување.
Полицијата вели дека трага по разбојниците.