Промоција на Избрани дела на академик Блаже Ристовски

По повод 85-годишнината од раѓањето на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на Избраните дела во десет томови од овој автор, што ги објави книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.

Воведен збор ќе има академик Владо Камбовски, претседател на МАНУ, а делата ќе ги промовираат Георги Старделов, Катица Ќулафкова, Димитар Пандев, Симо Младеновски и Раде Силјан, главен уредник на изданието.