Протест против загадувањето во Тетово – „Менуваме играчки за филтри“

Граѓанското движење „Мајки и деца“ организира протестен марш под мотото „Менуваме играчки за филтри“. Ова граѓанско движење е загрижено од алармантното загадување на воздухот во Тетово, со што се загрозува здравјето на сите жители во Полошкиот регион и најважно здравјето на најскапоцени – нашите деца.

– Во рамките на овој протест, кој се организира како знак на незадоволство ќе се реализираат некои кратки едукативно – културни активности на плоштадот на градот со што на симболичен начин ќе се обидеме да го објасниме секојдневието во нашиот град. По овие кратки активности кои ќе се одвиваат на улицата Илинденска до семафорите на раскрсницата со улицата Радован Цониќ и од таму ќе се вратиме на плоштадот и сите деца ќе ги отстапат нивните играчки со пораката – Менуваме играчки за филтри со што ќе заврши и нашиот мирен протест – велат од движењето.

„Вие што управувате со државата и со важните институции и што креирате  политика за животната средина! И вие како и сите ние, мајките тетовчанки имате семејство и деца, чиј благородни гласови ги слушате секој ден, чиј насмевки ви го прават животот поубав, вие што како и ние го сакате зеленилото и слободното дишење, вие што се радувате исто како и ние заtoa што сме блиску до возвишениот  Шар кој ни подарува  безброј и неисцрпни извори! Денеска од оваа место ви се обраќаме со една играчка,  како симбол на детството, со играчките на овие безгрешни и чисти  суштества, полни со елан. Ве почитуваме и се надеваме дека ќе и кажете стоп  на нашата смрт, која што ни доаѓа полека од озогласениот комбинат, Југохром!И се обраќаме на вашата совест, на овој човечки механизам кој ги контролира вашите и нашите одлуки, му се обраќаме и на Greenpeace, за да можат  нашите деца да играат и да не мислиме на загаденоста, да не мислиме на смогот, димот и на сите други канцерогени „продукти„ , кои  Тетово полека но сигурно го претфараат во зона на загаденост каде што се врши екоцид!“, се вели во нивното соопштение.