Дискусија во Виена: За Србија, Косово и перспективата на Западен Балкан

Во петок во Виена ќе се одржи подиумска дискусија „Евровизија во дијалог: Белград-Приштина“.

„Ова е прв пат Допломатската академија да стои позади овој вид на иницијатива на едено двонационално општество“, вели за српски Курир Марко Стијаковиќ, претседател на Австриско- српската комора.

Оваа комора во соработка со Австриско-турската, Институтот за Дунавските земји и Средна Европа (ИДМ) и Дипломатксата академија, повикаа на панел дискусија во петок со многу поснати австриски личности кои се занимавале и сеуште се занимаваат со Балканот и проблематичното распаѓање и последиците од распадот на еднопартискиот систем и некогашната СФРЈ и новонастанатите држави на нејзината територија.

По воведните зборови Лотар Фишман претставник на Австриско-турската комора и Виланда Шнајдер, долгогодишен дописник на виенскиот весник „Пресе“, на подиумот ќе дискутираат Ерхард Бусек претседавачот на ИДМ, Волфганг Петриќ, некогашен австриски амбасадор и ЕУ гувернер за БиХ, сега претседател на Фондацијата Маршалов план во Австрија, потоа Марко Стијаковиќ, Волфганг Рорбах, историчар и претседател на Австриско-српската комора, Гинтер Фелингер, претседател на Австриско-косовската комора и Гералд Клаус од Европската иницијатива за стабилност.

Организаторите велат дека ќе разговараат за сегашноста и претспективата на Србија и Косово и Метохија, проблемите во чие решавање е направен одлучувачки продор на 19 април 2013 година кога со посредување на ЕУ е потпишан Договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. ЕУ тоа го смета за важен чекор за двете потписници на договорот.

Стијаковиќ вели дека ставовите на излагачите во дискусијата ќе бидат различни, па и спротивни, но всушност тоа е и целта зошто оваа дискусија се одржува.

„Она за што најмногу не се сложуваме е минатото, но за него нема да зборуваме“, вели Стијаковиќ, повторувајќи дека целта на дискусијата ќе бидат перспективите на западен Балканм