
Авион од типот Ербас 320 на компанијата „Џерман вингс“ се урна денеска во јужниот дел од француските Алпи.
Во авионот се наоѓале 142 патника и шест членови на екипажот, јави француската телевизија И-теле.
Авионот летал на релација Барселона – Дизелдорф. „Џерман вингс“ е компанија – филијала на Луфтханза.
Причините за падот засега не се познати.