Поради магла намалена видливост до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, информира Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите патишта сообраќајот се одвива без забрани по наместа влажни коловози.
Надвор од градските средини сообраќајот е умерен, а на граничните премин нема подолготрајни задржувања.