
Министрите за надворешни работи и за транспорт и врски Никола Попоски и Миле Јанакиески денеска во Приштина ќе учествуваат на конференцијата за Западен Балкан „Подобра поврзаност, силна и клучна транспортна мрежа“.
Попоски и Јанакиески на конференцијата ќе учествуваат на покана на заменик – премиерот и министер за надворешни работи на Република Косово, Хашим Тачи и министерот за инфраструктура, Љутви Жарку.
На конференцијата покрај министрите за надворешни работи и транспорт на земјите од Западен Балкан, предвидено е присуство и на комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, како и комесарката одговорна за транспорт Виолета Булц.