
Во Македонскиот народен театар денеска се очекува да биде продаден 100.000-тиот билет од отворањето на новиот објект на 7 декември 2013 година со претставата „Вечната куќа“ во режија на Дејан Пројковски.
Посетителот кој ќе го купи билетот, како што се наведува во соопштението од Министерството за култура, ќе стане добитник на посебна влезница со што ќе има можност да биде почесен гостин на претставите на МНТ во театарската сезона 2015/16 година.
Посебниот билет ќе го врачи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, заедно со директорите на националната установа, Дејан Лилиќ и Дејан Пројковски.