Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Сопиште, Студеничани, Кисела Вода, Карпош и Гази Баба.
Ова се улиците и временските периоди каде ќе нема електрично напојување:
• во време од 11:00 до 13:00 часот корисниците од с. Ракотинци, с. Добри Дол ( општина Сопиште ), с. Маркова Сушица м.в. Вакув и каменоломот Беровиќ. (општина Студеничани )
• во време од 09:00 до 13:00 часот корисниците од ул. Саса во нас. Пинтија ( општина Кисела Вода ) и корисниците од ул. Скупи и Визбегово ( општина Карпош )
• во време од 13:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Саса подулици 2 и 4 во нас. Пинтија. ( општина Кисела Вода )
• во време од 10:00 до 14:00 часот корисниците од ул. Алија Авдовиќ, Попово маало и кај Суџукот и околните улици во нас. Ченто. ( општина Гази Баба )
• во време од 09:00 до 11:00 часот корисниците од с. Говрлево, с. Горно и Долно Соње, општина Сопиште, с. Св. Петка, с. Чифлик и Виничиште. ( општина Сопиште )