
Основното јавно обвинителство – Скопје денеска соопшти дека предметите по јавно објавените наводи од наводно прислушуваните разговори по службена должност и досега поднесените кривични пријави од СДСМ се распоредени на 17 јавни обвинители од ова обвинителство, пренесува МИА.
– Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е преземањето и на други активности согласно Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство, соопшти Јавното обвинителство.
Како и по сите други кривични пријави и настани, истакнуваат од ЈО, без оглед на тоа кој е подносител и кој е пријавен, надлежните јавни обвинители на ист начин постапуваат и по наведените предмети.