
Војвотката од Кембриџ денеска ја имаше последната службена посета пред да го роди второто дете.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон денеска заедно го посетија хуманитарниот центар Стефан Лоренс. Со оваа посета, Кејт ги заврши сите официјални посети пред да замине на породилно.
Војвотката откри кога треба да се породи, но не кажа дали станува збор за момче или девојче.
Убавата војвотка следен пат ќе ја видиме кога ќе излегува од болница заедно со новиот член на кралското семејство.