Германската авиокомпанија „Џерманвингс“ чиј авион во вторникот се сруши во јужниот дел на Франција, соопшти дека на роднините на загинатите патници им понудила по 50.000 евра за непосредните трошоци.
Тоа е првата парична помош, независна од надоместокот кој подоцна ќе биде исплатен поради несреќата, изјави официјално лица на „Џерманвингс“ за берлинскиот весник „Тагес шпигел“.
Адвокатот за воздухопловни прашања, Холгер Хопердизел, изјави дека компанијата „Луфтханза“, во чие власништво се наоѓа „Џерман вингс“, требало да плато меѓу десетина илјади и стотина илјади евра од жртва на семејствата кога тие ќе побараат официјално обесштетување.
Одговорноста на авиокомпаниите во случај на несреќа е утврдена на Конвенцијата од Монтреал во 1999. година, според која најголемата сума која може да биде исплатена за едно загинато лице е 143.000 евра.
Додека некои експерти за осигурување сметаат дека надоместокот нема да биде поголем од тоа, и покрај фактот што истрагата покажува дека несреќата ја предизвикал копилотот, според други извори, „Луфтханза“ би можела да биде соочена со „неограничени“ барања за обесштетување, кои правно не би можела да ги избегне доколку се потврди дека нивниот екипаж е виновен за загинувањето на патниците.