ФОТО: Ноќно читање со ЕВН Македонија

Како дел од подршката на светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“ ЕВН Македонија годинава по втор пат организираше ноќно читање.

Стотици граѓани, почитувачи на литературата во пријатна атмосфера под свеќи и електронски светилки во кафе барот Тренд на скопскиот плоштад беа дел од овој настан.

citanjeevvn

Посетителите се дружеа и со авторите Верче Карафилоска, Оливера Ќорвезироска, Владимир Мартиновски, Симона Јованоска, Лира Бојку, Петар Андоновски, чии ракази се дел од проектот на ЕВН Македонија „Создади книга“.

ЕВН Македонија во знак на подршка на акција „Часот на планетата Земја“ ја исклучи светлечката реклама во центарот на градот и на градот Скопје му помогна, симболично да ги исклучи светилките на спомениците во центарот на градот.