
Огромен број на граѓани денеска се собраа во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип каде ВМРО-ДПМНЕ одржува голем народен собир. Тоа се гледа од фотографиите објавени од порталот „Курир“.
Владејачката партија пред две недели организираше ваков собир во Скопје каде беа присутни десетици илјади граѓани кои дадоа силна поддршка на нејзините политики.
Минатиот викенд премиерот Никола Груевски се обрати пред огромниот број на граѓани во Битола, а денес своите пораки ги испараќа од Штип.
Масовната посетеност на ваквите народни собири е потврда за големата поддршка и доверба која владејачката партија ја ужива кај граѓаните.
фото: Курир