
Повисоки плати за околу 10.100 униформирани и овластени лица во МВР денеска во своето обраќање на големиот народен собир во Штип, најави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Никола Груевски.
– Денес сакам од тука, од Штип, од градот од кој произлегле многу великани кои со сите сили се бореле за Македонија и за нашиот народ, да објавам и една нова работа, да објавам уште една мерка која ќе значи унапредување на стандардот на многу семејства. Тоа е мерката Усогласување на платите на униформираните и овластените лица во МВР со платите на униформираните и овластените лица во Царина.
Груевски, истакна дека ова долги години со право го очекуваа униформираните и овластените лица во МВР.
-Во периодот од април 2015 до декември 2017 ќе се зголемат платите на униформираните и овластените вработени во МВР со што до декември 2017 тие ќе се изедначат со платите на истите во царината. Вкупното зголемување на платите за периодот април 2015 – декември 2017 ќе изнесува од 15% до 20%, односно по околу 3.000 денари по работник месечно. Мерката почнува да се применува веднаш, односно со исплатата на платата за април 2015 година, што ќе се исплати во мај. Платите што ќе се исплатат во мај ќе бидат повисоки од исплатените во април за околу 4 до 5 осто, зависно од стартната основа. Благодарност до македонската полиција, до сите припадници на безбедносните сили, што се грижат за Македонија и што ја чуваат нашата држава. Ние сме должни кон нив, и благодарни за тоа што го прават. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ! Нека е аирлија, рече Груевски.